Македонија
19. January 2017 - 12:01

Укината забраната за камиони на патот Валандово-Дојран

Во 11:15 часот е нормализиран сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Валандово-Дојран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно укинати се забраните за камиони и на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека, на планинските превои Плетвар и Стража, како и на магистралениот пат Скопје - граничен премин Долно Блаце.

Забрана за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово.