Македонија
27. September 2016 - 10:33

Укинат притворот за двајца обвинети од „Шпион“

Двајца обвинети во случајот „Шпион“, вчера, доцна попладне биле пуштени од притвор.

- Апелацискиот суд Скопје вчера, доцна попладне до Основен суд Скопје 1 - Скопје достави решение со кое лицата М.Н. и Ц.Д., осудени во предметот во јавноста познат како „Шпион“, им се укинува мерката притвор и се пуштени на слобода, информираат од скопскиот Кривичен суд. 

Во судскиот процес „Шпион“ беа обвинети 19 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.

Во 2014 година беше донесена пресуда за овој случај во којшто се осудени главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.