Македонија
13. May 2017 - 18:17

Укинат притворот на Сеад Кочан

Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, дознава Алсат М од сигурни извори. Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден со што се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци.

Само пред неколку дена Кривичниот суд по барање на Специјалното јавно обвинителство го замрзна имотот и три сметки на сопственикот на „Трансмет“.