Бизнис
15. July 2017 - 18:20

УЈП присилно ќе наплаќа за радио-дифузна такса

Неплатените сметки за радиодифузна такса до 30 јуни, да се платат во најкус рок, во  спротивно УЈП ќе почне со присилна наплата. Управата информира дека граѓаните и фирмите кои имаат долгови , доброволно да платат,  за да не се соочат со блокада на сметка и дополнителни трошоци.

- Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата“,  се вели во соопштението на  УЈП. 

Власта вети укинување на радиодифузната такса почетокот на  септември или октомври.

-  Обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на националниот сервис, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество.

Почетокот на овој месец, пратениците од ВМРО ДПМНЕ  поднесоа предлог законот за  укинување на радидифузната такса, да се донесе по  скратена постапка,  но пратениците на СДСМ го одбија, со образложени дека прво треба да се усвои ребалансот на буџетот.

Граѓаните имаат обврска месечно да плаќаат  радиодифузна такса од 190 денари., без разлика колкуТв приемници имаат. За фирмите, таксата  зависи од бројот на вработени. По нејзиното укинување, финансирањето на Македонската телевизија ќе биде од буџетот, како и од приходи на кабелските оператори остварени со продажба на програмата произведена во МРТ.