Бизнис
7. December 2018 - 19:50

УЈП подготвена за новиот данок, инвеститорите и натаму негодуваат

Не стивнуваат реакциите од  бизннисот за  новите даночните реофрми. Освен домашните фирми и странските компании се против прогресивниот данок. Од германската стопанска  комора  посочија дека  рамниот данок досега  се покажал како добар за атрактивноста на Македонија. Голем број германски фирми инвестираа тука. Предупредуваат дека  прогресивниот данок ќе ги зголеми  трошоците на компаниите, а ќе се отвори и простор за даночна евазија.

Делегацијата на германското стопанство во Македонија, не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход. Со новиот закон се одалечуваме од фиксна стапка на рамниот данок, а со тоа не само што се зголемуваат  трошоците за компаниите, туку првично се создава несигурност кај стопанствениците- Се очекува прогресивно оданочување да го зголеми даночното затајување и сивата економија. Зголемувањето на трошоците секогаш претставува “проблем за компаниите“. Особено во временски период кога тие веќе се оптоварени со нови административни давачки, како зголемувањето на минималната плата или регулативата за заштита на лични податоци.Покрај тоа, не е добро за една земја постојано да ја менува својата даночна политика- соопштуваат од комората.

Од УЈП пак посочуваат дека тие подготвени ќе го дочекаат прогресивниот данок. Тимот на управата ќе се доекипира со нови вработувања особен во ИТ секторот.

Во однос на новиот начин  на  електронско поднесување на годишна даночна пријава до УЈП посочуваат дека уште 400 илјади даночни обврзници  се немаат регистрирано. До истекот на рокот има уште 20 тина дена. Од управата очекуваат најголемите гужви да бидат последните денови. Вкупо  треба да се регистрираат 900 илајди граѓани.