Бизнис
14. May 2020 - 11:38

УЈП: Одобрени се барањата за финансиска поддршка на 4962 фирми

Денес Управата за јавни приходи го достави и второто  Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија  за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување опфатени се  4962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка  изнесува 377,921,509 денари.

Согласно второто Известување, вкупниот износ на одобрени финасиски  средства за исплата на плати за месец април 2020 изнесува  885,868,773 денари за вкупно 10 103 фирми.

Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка,  за кои  Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија по нивната финална обработка.