Бизнис
3. May 2017 - 20:02

УЈП: Нема зголемување на даноците, само се укинува една од антикризните мерки

Нема зголемување на даноците, туку само укинување на антикризната мерка и враќање на старите правила. УЈП објаснува, намалувањето на прагот за регистрирање за ДДВ обврзници значи враќање на состојбата од пред почетокот на глобалната криза. Од стартот на кризата прагот за даночење изнеусваше 2 милиони денари. Сега повотрно се враќа на милион. Ваквата одлуката  е донесена да се  обезбедат фер услови за сите и да се намали  нелојалната конкуренција.

Со новото решение лицата со остварени  приходи поголеми од 16 илјади евра или 1 милин денари автоматски се оданочуваат.  Според  експертите со ваквата измена голем број на физички лица кои претходно не биле сега ќе станат ДДВ обврзници со тоа значително ќе се зголеми бројот на лица кои ќе имаат обврски кон државата. Тука ќе влезат и они кои остварувата приходи од издавање на простор, станови..

За дел од експертите ваквата промена се прави за да се полни буџетот

ОД УЈП потенцираа дека се работи и на систем кои ќе ги растерети граѓаните од обврската да однесуваат годишна даночна пријава за  остварените дополни приходи.