-->
-->
УЈП: Финансиска поддршка за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени
-->
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени.
Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.
– Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РМ за спроведување на исплатата, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата