УЈП: До 15. месецов да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ
Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење стопанска дејност повисок од милион денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15. месецов, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП).
УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.
За подобро информирање на даночните обврзници – физички лица по однос на правата и обврските кои произлегуваат од Законот за данок на додадена вредност, а воедно и обезбедување на повисоко ниво на услужност и поттикнување на доброволната усогласеност на обврзниците, може да го користат „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“. Во него има информации и упатства за предметот на оданочување со данок на додадена вредност, пресметувањето на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ, начинот на регистрација за цели на ДДВ, како и појаснувања за останатите права и обврски на даночниот обврзник – физичко лице. Водичот е изработен во соработка помеѓу Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Цивитакс – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица.
– Доколку според Законот за данок на додадена вредност и дополнителните појаснувања и упатства дадени во „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“ сте оствариле промет оданочив за целите на ДДВ во износ кој надминува 1.000.000 денари, потребно е да поднесете Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01), стои во соопштението од УЈП.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка