Бизнис
25. November 2019 - 16:39

УЈП бележи пораст на собраните даноци

За две недели ќе бидат исплатени првите пари од скенираните фискални.  Во првото тромесечје на сметките на 170 илјади граѓани ќе легнат 3 милиони евра, или максимум по 1,800 денари . Според сумираните податоци, до сега околу 50 илјади корисници го достигнале лимитот од 600 денари месечно.. Интересот за  мерката, според директорката  на УЈП, Лукаревска, постојано расте. До сега има над 183 илјади граѓани кои скенираат фискални и  направиле вкупен промет од речиси 300 милиони евра

Имаме 183 572 корисници кои скенираат фискални сметки и од јули до сега за поврат на 15% од ДДВ треба да се исплатат 5 милиони евра, од кои за првото тромесечје 3 милиони  евра, изјави Сања Лукаровсова, директор на УЈП

За неиздавање фискални сметки казнети се 100 тина трговски објекти низ цела Македонија. Лукаревска е задоволна што расте свеста кај граѓаните  дека даночно затајување не смее да се толерира. За тоа говорат и бројките, според кои  од месец на месец растат приливите по овој основ. Инаку, на 25 годишнината од основањето на Управата за јавни приходи,  Лукаревска се пофали со постигнатите резултати. Во буџетот од почетокот на годината до октомври  се слеале над   милијарда евра само од  платени даноци,  966 милиони евра од социјални придонеси, се прави редовен и неселективен поврат на ДДВ то, од годинава граѓаните нема да одат на шалтер да поднесуваат Годишна даночна пријави , затоа што Управата електронски ќе ја доставува.