Бизнис
6. February 2016 - 16:40

УЈП апелира до граѓаните да не го чекаат последниот рок за поднесување годишна даночна пријава

Околу 15 илијади граѓани досега имаат поднесено годишна даночна пријава. Од нив 113 лица  тоа го направиле електронски, а поголемиот дел приходи ги пријавиле на шалтерите на УЈП. Поради обврската за исплата на к-15 и годинава од УЈП очекуваат бројката на даночни пријави да достигне над 400 илјади. 

Иако има уште еден месец,  од УЈП апелираат до граѓаните да не се чекааат последните денови до 15 ти  март, кога истекува рокот за пријавување на приходите. Обврска да поднесат даночна пријава имаа сите оние кои минатата година освен плата и пензија, дополнително заработиле и од кирии, од склучен авторски договор, од игри на среќа и тоа ако добивката е над 5.000 денари.