УЈП апелира да се пријават приходи од издавање под закуп
Управата за јавни приходи (УЈП) апелира да се пријават приходите од издавање под закуп/подзакуп на имот и имотни права за што во наредниот период најавува едукативни активности.
- Во рамки на Планот за управување со усогласеност со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, во наредниот период УЈП ќе спроведе низа активности, пред се од едукативен карактер, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, но и преземање мерки за намалување на сивата економија насочени кон високо-ризичните даночни обврзници, каде УЈП има детектирано непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи од кирии, соопшти денеска УЈП.
Приходите остварени по основ на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот) подлежат на оданочување со персонален данок, и граѓанинот има обврска да ги пријави во УЈП. Тоа, појаснуваат од Управата, се прави со поднесување аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права (образец ПДД-АДП/ПИ), во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите. Кон пријавата задолжително треба да се приложи договор за закуп.
Како што појаснуваат од УЈП, образецот ПДД-АДП/ПИ може да се преземе преку http>//www.ujp.gov.mk/mk/
Доколку станува збор за регистриран корисник на системот е-Даноци, пријавата ја пополнува он-лајн и ја поднесува електронски преку https://еtax-fl.ujp.gov.mk.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората