Македонија
23. September 2017 - 11:36

УХМР за утре најавува дожд, еве каде ќе врне најмногу

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен на југоистокот од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени. УВ=5

Во Скопје температура до 24 °C.

Утре ќе биде релативно топло преку денот, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален дожд во западните делови, што во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места низ земјава. Потоа од понеделник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни.