УХМР: Водостоите на реките остануват високи, можни локални излевања
Водостоите на реките низ земјава остануват високи, локални излевања се можни во горниот дел од сливот на реката Вардар во Полошкиот регион, во сливот на реката Треска околу месноста Пласница, како и на поедини места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна, се наведува во извештајот од 17:00 часот на Управата за хидрометеоролошки работи.
- Во текот на денешниот ден регистрирано е зголемување на водостојот на реките Боротинска, Треска, Црна како и на водотеците од источниот дел на земјата на реките Пчиња, Крива и Струмица. И понатаму останува да биде висок водостојот на реките Радика, Сатеска и горниот дел од сливот на Вардар, стои во соопштението на УХМР.
Од УХМР информираат дека во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што се очекува водостоите на реките и понатаму да останат високи. Поради најавените обилни врнежи од дожд во источните делови од земјата се очекува понатамошно зголемување на водостојот на реките Струмица, Пчиња и Крива.
УХМР препорачува внимателно следење на состојбата и предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање