УХМР: Вечерва пороен дожд и грмежи, од утре промена на времето
Зголемување на облачноста, и локален пороен дожд со грмежи, особено во северозападниот дел од земјава се очекува од денеска кон крајот на денот и во ноќните часови.
Утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд. Наместа ќе биде пороен проследен со засилен ветер и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Во среда се уште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне, а во текот на денот постепено ќе престанува. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање за околу седум до 10 степени. Од четврток повторно следува стаблно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи