Македонија
22. February 2017 - 13:28

УХМР со вонредна прогноза за овој викенд

Утре и во петок ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран, кој ќе услови зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15л/м2. Девната температура за викендот значително ќе опадне, особено во недела, кога ќе се движи од 6 до 11 степени.

 Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на времето.