Македонија
24. јуни 2017 - 14:10

УХМР со важна вонредна вест

 Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 30, а вдолж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
 
 До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси на места да бидат и поинтензивни. Услови за нестабилност ќе има и во Скопската котлина, особено во понеделник.
 
 
 
Во деновите потоа ќе преовладува претежно сончево и понатаму многу топло време