Македонија
5. August 2017 - 10:30

УХМР со нова временска прогноза - еве какво време не очекува

Времето денеска сончево и многу топло со слаб ветер претежно од североисточен правец. УВ=9 Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени.

Во Скопје до 41°C.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево, многу топло време. Од понеделник во западните делови на земјава ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Промена на временската состојба се очекува в петок кон сабота.