УХМР со нова најава за времето: Променливо облачно, најмногу дожд во Демир Капија
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува. Кон крајот на денов се очекува постепено стабилизирање на временската состојба, соопшти УХМР.
Во попладневните часови денеска локално имаше развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, засилен ветер и појава на град, особено во централните и југоисточните делови на земјава.
Како што информира УХМР, нестабилноста најпрвин почнала во источните и југоисточните делови на земјава, потоа се проширила и во централните делови. Најпрвин нестабилноста била проследена со пороен дожд и грмежи, но потоа се проширила на повеќе места, особено во централните и јужните делови на земјава каде имаше интензивен пороен дожд грмежи и засилен ветер.
Појава на град имало во 16.26 часот, според радарските слики од противградобијниот центар Ѓуриште, во југоисточниот дел од Кавадарци и Кавадаречко, како и во неготинското подрачје каде имало пороен дожд, грмежи и појава на град и засилен ветер.
До 16 часот најмногу дожд наврнало во Демир Капија, 32 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 12 и во Битола 10 литри на метар квадратен.
УХМР соопшти дека вемето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне. УВ-индексот ќе изнесува шест. Минималната температура ќе се движи од 12 до 18, а максималната од 24 до 32 степени.
Во Скопје околу пладне и попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.
Во среда и во четврток од УХМР најавуваат сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација