-->
-->
УХМР со детална временска прогноза - подгответе се!
-->
Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките места, најавуваат метеролозите за време на викендот.
Oд УХМР информираат дека под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено времe.
Од утре доцна попладне, како и за време на викендот најавуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.
Минималната температура утре ќе се движи од минус пет до три степени, во сабота од минус шест до три степени, во недела од минус пет до еден степен, во понеделник од минус три до два степени. Во вторник и среда ќе биде над нулата.
Дневната температура утре ќе се движи од пет до 14 степени, во сабота од пет до 10, недела од четири до девет степени, во понеделник од пет до 11, вторник од седум до 12 степени и во среда од 10 до 16 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива