Македонија
25. јуни 2018 - 20:00

УХМР смирува: Нема опасност од излевање на реките

Водостоите на реките се под просекот или околу просекот за овој период од годината и најавените врнежи од дожд не би требало да предизвикаат излевање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи во најновиот извештај за ходролошката состојба информираат дека најавите за нови врнежи не би требало да претставуваат проблем за истекувањето, но доколку овие врнежи се јават во краток временски рок, можна е појава на локални излевања кај помалите водотеци и суводолици. 

Во населените места можна е појава на акумулирање и слевање на водата по градските улици и подвозниците, а при појава на силен ветер можна е појава на бранови кај езерата.

Од УХМР препорачуваат во следните неколку дена внимателно движење покрај водните површини, водотеците и суводолиците.