Македонија
25. December 2019 - 11:02

УХМР: Следува период на постудено време

Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.