УХМР предупредува: Можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици
Секторот за хидрологија при УХМР и денеска предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици во делови од сливовите на реките од истокот, југоистокот и северозападот поради најавите за временска нестабилност и поројни врнежи.
Воедно препорачува внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.
- Утрово најголемо покачување на водостоите е забележан на ХС Сушево на реката Струмица со 66 сантиметри и ХС Катлановска Бања на реката Пчиња со 21 cантиметар. Кај другите мерни станици од каде добиваме дневни информации имаме мали промени на водостоите, информира Секторот.
Соодветно на паднатите врнежи, локално, очекувано е на одредени помали водотеци да имало и поголеми промени на водостоите, па и локални излевања и тоа во сливовите на реките од истокот, северот и југот на Македонија.
- Водата од горните текови брзо се пренесува во долните текови. Во меѓувреме, водосотојот на реката Струмица кај Сушево веќе е во опаѓање. Во 11 часот изнесувал 116 cантиметри што е намалување за 30 cантиметри, стои во соопштението од УХМР.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење