Македонија
1. March 2017 - 11:48

УХМР: Од утре нов температурен шок

Утре, како и за време на викендот ќе преовладува сончево време, утринската температура ќе биде во опаѓање, а дневната од петок во пораст.

Утре ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, а за време на викендот умерен ветер од југоисточен правец.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.