Македонија
7. February 2017 - 11:35

УХМР објави нова временска прогноза

 
Снежна покривка до изутрина (во см.): 5 Берово, 6 Тетово, 7 Ѓуриште, 26 Маврово. 
 
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 4 Гевгелија, Прилеп, Маврово, 5 Скопје, 6 Куманово, Тополчани, Д. Капија, Претор, Дебар, Струмица, 7 Ѓуриште, 8 Штип, Битола, Крушево, 9 Охрид, 10 Тетово, 11 Кр.
Паланка, 12 Пожаране, 22 Берово, 24 Дојран.
 
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во источните делови, каде ќе 
има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, кој попладне ќе се засилува и ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Метеоролошки параметри за Скопје: T= 8 °C, P= 975 hPa, U= 75 %, V= 3 m/s.
 
 
Утре во текот на денот ќе има преодно намалување на облачноста и ќе дува умерен северен ветер. Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање.
 
Во деновите од викендот ќе биде постудено со уште пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.