Македонија
15. May 2017 - 11:55

УХМР објави корегирана временска прогноза, еве какво време не очекува

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Пожаране, 2 Маврово.

Времето денес (15.05 2017 год.): Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне обланоста ќе се зголеми, во западните делови на на земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд, каде се можни и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Метеоролошки параметри за Скопје: T= 27 °C, P= 985 hPa, U= 45 %, V= 5 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Од денеска во попладневните часови до четврток предпладне се очекува нашето подрачје да биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни бранови. Ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди но и со

повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има и нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи, особено пообилни ќе бидат врнежите во вторник и в среда. Во јужните делови од земјава се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Температурата на воздухот ќе опадне за 5 до 6 степени. Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.