Македонија
23. October 2017 - 19:08

УХМР: Нестабилно со пороен дожд во Гевгелиско и над Скопска Црна Гора

Поголема нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи во моментов има во Гевгелиско, Богданци и Валандово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во извештајот од 16 часот. 

- Друго нестабилно јадро се наоѓа над Скопска Црна Гора, кое се движи во правец кон североисток, наведува УХМР.