УХМР: Најмногу дожд наврна во Пожар
Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд од 47 литри на метар квадратен наврна во Пожар.
Како што информираат утрово од УХМР, во Берово наврнало 31 литри на метар квадратен, потоа 26 во Штип, 24 во Скопје-Зајчев Рид, 22 во Ѓуриште, 21 во Демир Капија и Крива Паланка, 19 во Скопје-Петровец и Охрид, 17 во Тетово, 16 во Струмица, 15 во Прилеп, 14 во Виница и Претор, 13 во Попова Шапка и Кавадарци, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 8 во Пожаране, 4 во Битола и Велес, 3 во Гевгелија и Дојран и 1 Тополчани.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро-метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Според УХМР најниска температура во текот на ноќта е измерена во Лазарополе 8 степени Целзиусови, а потоа следуваат Попова Шапка со 9 степени, 10 се измерени во Маврови Анови, 11 во Крушево, 12 во Претор, 14 во Тетово, Охрид и Битола, 15 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 16 во Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка и Виница, 17 во Велес, Штип и Струмица, 18 во Кавадарци, 19 во Демир Капија и 20 во Гевгелија и Дојран.
Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд и појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем