Македонија
20. јуни 2019 - 14:12

УХМР најавува вонредна временска прогноза

Силно невреме го зафати вчера регионот, а беснееше и во Македонија.

Врнеше и грмеше во повеќе градови, а поплави имаше во Скопје, во Кисела Вода, особено кај Цементара и патот за теферич каде има поплавено и домови, како и во Неготино каде имаше реки по улиците.

Во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.

Наутро од од 12 до 19 а преку ден од 26 до 33 степени.

Слично време ќе преовладува и во Скопје, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите од минимални 17 до максимални 30 степени.