УХМР најавува нови временски неприлики
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 24 Штип, Скопје, Гевгелија, 23 Д. Капија, Струмица, 22 Тетово, Виница, 21 Битола, Охрид, Прилеп, 20 Кр. Паланка, Тополчани, Ѓуриште, Претор, 19 Берово, 18 Пожаране, 17 Маврово, Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер. Минимална температура од 3 до 10, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје, Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температура 7 / 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд. Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот. Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори