Македонија
21. јуни 2017 - 12:30

УХМР најавува нови временски неприлики

Времето денес (21.06 2017 год.): Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северен ветер. 
 
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ=9
 
Во Скопје температура до 32 °C.
 
Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а утре е можна локална појава на краткотраен дожд повеќе во планинските предели. Во сабота има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјата.