УХМР најавува нов температурен шок
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на дожд претежно во јужните планински региони. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температура ќе се движи од пет до 21 степен.
До сабота ќе се задржи сончево време, попладне со зголемување на облачноста и со услови за краткотраен дожд претежно во планинските региони. Во сабота ќе има повеќе облачност и услови за појава на грмежи. Позначителен влажен бран се очекува да помине во недела и во понеделник и ќе биде проследен со умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер кој позначително ќе ги спушти дневните температури.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација