Македонија
31. August 2017 - 12:45

УХМР најавува невреме со пороен дожд и грмежи

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места  максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, во интервал од 30 до 36 степени.

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Од понеделник следува посвежо и ветровито време.