Македонија
26. August 2017 - 18:33

УХМР најавува дожд и грмежи, следува драстична промена на временските прилики

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 35 Скопје, Демир Капија, 34 Гевгелија, Тетово, Штип, Струмица, 33 Виница, 32 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 31 Пожаране, Тополчани, Претор, Ѓуриште, Берово, 30 Охрид, 29 Лазарополе, 27 Маврово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло со слаб ветер претежно од североисточен правец. Во текот на ноќта ќе биде ведро и тивко.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Мининалната температура од 6 до 15, а максималната од 31 до 37 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево и топло со слаб сеерен ветер. Температура од 12 до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во наредните два дена ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во вторник во текот на денот ќе настапи наоблачување проследено со локален пороен дожд, засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. Позначително опаѓање на температурата се очекува во среда, кога во јужните делови претпладне се уште ќе има повремен дожд.