Македонија
18. јуни 2018 - 11:10

УХМР најави нови временски неприлики

Во текот на денешното понеделничко претпладне времето во давава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди додека од пладневните часови па натаму повторно ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално можни се нешто поинтензивни атмосферски процеси проседени со електрични празнења и услови за појава на град.

Ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец кој ќе услови освежување на времето.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека навечер ќе бидат во опаѓање.

Слични временски прилики продолжуваат и во следните денови со тоа што температурите на воздухот ќе бидат во постепен пораст.