Македонија
29. November 2015 - 12:26

УХМР најави нов температурен шок - Еве какво време не очекува следната недела

УХМР информира дека од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите ќе бидат во постепен пораст.
 
Кон средината на наредната недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од годината.
 
Времето денес е променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер. Во западните планински предели ќе продолжи да проврнува слаб локален снег, додека на пониските места има локален слаб дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат