УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки
Поројните врнежи што ја зафатија државата ако локално се поинтензивни и во форма на невреме може да предизвикаат слевање вода во градските средини и излевање на помалите реки. Но, нема опасност од излевање на поголемите реки, соопшти Упрвата за хидрометеорлошки работи (УХМР).
Според Управата, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На одредени места се најавуваат локални поројни врнежи и над 30 литри на метар квадратен.
-На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.
Претходно УХМР инфомираше дека до осум часот изутрина се измерени 59 литри на метар квадратен наврнат воден талог во период од 24 часа во Демир Капија, во Скопје Петровец 54, во Охрид 50, Пожаране 41.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот