Македонија
20. August 2017 - 21:20

УХМР: Драстична промена и невреме со дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 26 степени.