УХMР: Дождот во следните денови ќе го зголеми водостојот на реките
Врнежите дожд кои во следните две дена наместа се очекува да достигнат и над 70 литри на метар квадратен ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките кои сега уште се под просекот за ноември.
Од УХРМ информираат дека зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите водотеци со мали сливни површини кај кои побрзо се формира истекувањето.
- Доколку се остварат прогнозите и на места заврнат над 70 л/м2 можно е да дојде до значително зголемување на водостојот и полнење на коритата на помалите реки, а на некои места можно е да има и локални излевања, пред се на малите водотеци. Кај големите реки со големи сливни површини се очекува зголемување на нивниот водостој, но тие би имале доволно голем капацитет да ги примат овие врнежи без можност за нивно излевање, велат од УХРМ.
Оттаму предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење