Угостителите во Франција се подготвуваат за утрешното повторно отворање на локалите
Француските угостители се подготвуваат за повторно отворање на нивните локали, предвидено со втората фаза за излегување од изолацијата воведена поради епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Санитарните мерки се драстични.
Растојанието од еден метар треба да биде задолжително помеѓу клиентите. На една маса можат да седат најмногу 10 лица.
Секоја маса мора да ја послужува ист член на персоналот, кој мора да ги мие рацете на секои 30 минути или да носи ракавици.
Угостителите ќе бидат наведени да фаворизираат мени во дигитален формат, на пример со скенирање на QR-код или да го претставуваат менито усно на доволно растојание. Доколку треба да допрат хартија, клиентите ќе треба да ги дезинфицираат своите раце на крајот од нарачката.
Бифеата ќе бидат дозволени, но под резерва на почитување на насока на движење и ознаки на теренот.
Безбедносните растојанија, исто така, мора да се почитуваат во редиците за одење во тоалет.
Во Париз, на угостителите им е дозволено само користење на терасите, но не и на затворениот дел на локалите. Некои од нив побрзаа да ги отворат терасите уште минатиот викенд, но силите на редот ги затворија.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина