Бизнис
27. January 2021 - 17:08

Угостителите стравуваат дека нема да добијат помош за исплата на јануарската плата

Угостителите стравуваат дека ќе останат без помошта за покривање на јануарските плати. Велат месецот заминува, а Владата се уште го нема донесено новиот петти по ред пакет. Претходните мерки  многу мал дел од фирмите можеле да ги искористат. Затоа бараат итно да се донесе новиот пакет и со него да бидат опфатени и платите за јануари, затоа што  во прашање се денови кога дел од нив ќе почнат да отпуштаат работници. Претходно и останатите бизниси апелираа на што поскоро носење на новите мерки за помош.

Уште еден голем проблем за нив е и тоа што речиси цела година нема протоколи за рестораните за свадби и клубовите, кои опфаќаат добар дел од секторот.

Во петок угостителите ќе имаат средба со вицепремиерот Битиќи на која освен за финансиската помош ќе се разговара и за целосно укинување на работното време. Според првичните бројки новиот пакет помош ќе тежи околу 50 милиони евра.