Бизнис
15. јуни 2018 - 19:42

Угостителите повторно се жалат на водостојот во охридското езеро

Угостителите и жителите на крајезерските населби сеуште мака мачат со високиот водостој на Охридското езеро.

Тие велат дека и при мирно време без ветар се поплавувуваат и најавија дека ќе ја тужат ЕЛЕМ доколку не се изнајде решение за регулирање  . Миновски вели дека езерото постојано варира и се преземаат сите мерки за нивото да се спушти а угостителите при желба за поголем профите ги градат објектите во самото езеро.

Директорот на Елем Миновски потенцира дека ќе се испитува можноста за изградба на мала хидроелектрана на реката Црн Дрим во Струга за користење на водата за производство на електрична енергија и најави дека во текот на наредната година предвидено е да се направи замена и модернизација на испустот.

Од Елем велат дека охридското езеро се одржува на што е можно пооптимална кота притоа не нанесувајќи штети на никого во делот на Охрид и Струга. Инаку нивото на езерото денеска е на 12 сантиметри над максимално дозволената кота.