Македонија
16. јуни 2021 - 16:59

Угостителите од Охрид бараат еднаков третман со колегите од Струга

Се рушат платформите на плажата Потпеш кај Канео. Поранешните концесионери велат дека доброволно ги отстрануваат нелегалните градби но бараат законите да важат подеднакво за сите да имаат ист третман како Струга каде угостителските објекти на брегот на езерото не добија забрана за работа.

Тие велат дека од депонија направиле репрезентативни објекти каде уживаат туристите и бараат легално да продолжат да работат за вработените да не останат на улица.

Инаку пред десетина дена градските плажи кај каналот Студенчишта и Канео останаа без напојување со електрична енергија а градоначалникот Георгиески ги повика да престанат со работа.