Бизнис
7. April 2021 - 19:34

Угостителите од денеска под клуч, работниците чекаат одјави

Од денеска сите угостителски објекти во земјава повторно под клуч. Од секторот велат поради неизвесноста до кога ќе бидат затворени и неможноста повеќе да се носат со штетите од пандемијата, очекуваат голем дел од нив да ги одјават работниците. Единствена заработувачка ќе им биде онаа од достава на храна и на пијалоци и за време на полициски час. 

Засега не се знае колку дополнително ќе изнесуваат штетите од новото затворање, но за да можат повторно да застанат на нозе, угостителите бараат државата да им обезбеди услови како во другите земји.

Од синдикатот на работници во туристичко - угостителскиот секор апелираат до работниците во дејноста да не потпишуваат бланко документи и ќе бидат поднесени пријави до сите надлежни инспекциски служби  и кривични пријави со цел да се спречат злоупотреби.

Од  како почна пандемијата ова е второ комплетно затворање на угостителите како превентивна мерка против ширење на заразата.