Бизнис
28. January 2021 - 17:07

Угостителите не прифаќаат средба без Битиќи

Угостителите извисија. Велат дека најавената средба за утре во Владата со вицепремиерот Битиќи е откажана. Од неговиот кабинет ги известиле дека се уште е на службен пат, а од друга страна не прифаќаат средба на која Битиќи нема да биде присутен.

Бараат безусловни субвенции за плати за сите вработени во секторот, покривање на нивните загуби од над 20 милиони евра, носење на протколи за работа и укинување на ограничувањата на работното време. За сите овие точки  угостителите требаше да разговараат на состанокот со Битиќи.

Револтирани се што повторно новиот сет на мерки се крои без нивно присуство. Ако не им се исполнат барањата велат не им останва ништо друго освен да ги затворат бизнсиите и да се прогласи целосен колапс на оваа гранка.