Бизнис
30. January 2021 - 20:01

Угостителите и Владата постигнаа напредок

Угостителите задоволни излегоа од средбата со вицеперемиерот Битиќи. Велат дека повеќе од половина од нивните барања се прифатени, односно три од нив се веќе вклучени во петтиот пакет мерки. Досегашните субвенции за плати ќе се заменат со бескаматни кредити. Помошта за покривање на јануарската плата нема да ја добијат, но добиле ветување дека државата на друг начин ќе им компензира.

На средбата не станало збор за продолжување на работното време. Но угостителите го повториле барањето за изготвување на унифицирани протоколи за работа на сите угостителски објекти.

Од кабинетот на вицепремиерот Битиќи велат дека уште од самиот почеток на пандемијата Владата го детектирала угостителскиот сектор како еден од најпогодените. Токму затоа угостителите добиле поддршка.

Пред донесување на петиот пакет мерки се очекува уште една средба со вицепремиерот. На неа треба да присуствуваат и здруженијата кои ги претставуваат големите ресторани за прослави како и ноќните клубови .