Бизнис
23. November 2020 - 12:18

Угостителите бараат нова помош од државата

Со дел од парите за предновогодишните прослави да се помогнат угостителите, бараат од независната комора. Појаснуваат дека секоја година за предновогодишните празници фирмите за прослави трошат и до 20 милиони евра. Годинава бидејќи овие забави нема да се органзираат, предлагаат дел од добивките фирмите да ги донираат за спас на угостителската индустрија.

-На прагот сме на декември, месец кога нема фирма која држи до себе, a нема направено предновогодишна прослава и забава за своите вработени и за своите најверни клиенти. Тоа е месецот кога се бараат врски и ургенции да се резервира невреме омилениот угостителски објект, кога се бара врска за влез и место плус за уште еден гостин.  Оваа година поради пандемијата Ковид-19 омилените новогодишни забави ќе ги нема. Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител, се вели во дописот од комората.

Оттаму наведуваат дека поради корона кризата  и мерките кои се носат со месеци работат со загуби без притоа да бидат финансиски поддржани од државата.

Претходно од комората побараа државата повеќе да не го вперува прстот во нив дека тие се највиновни за ширењето на заразата. Побараа веднат да се донесе посебен пакет мерки само за овој сектор.

А доколку надлежните донесат нови мерки со кои повторно тие ќе бидат најпогодени сметаат дека е подобро да не работата до крајот на зимата.