Угинати животни во затворените продавници за миленичиња во Пакистан
Стотици мачки, кучиња и зајаци се пронајдени мртви на пазарите за миленичиња во Пакистан, кои беа затворени откако најголемите градови во државата беа блокирани поради пандемијата на коронавирус.
Како што пренесуваат странските агенции, со подемот на пандемијата, големите градови во Пакистан беа блокирани, принудувајќи да се затворат многу продавници. Само тие што продаваат основни производи, како храна и лекови, имаа дозвола продолжат да работат.
Поради тоа, сопствениците на продавниците за миленичина беа принудени да затворат, оставајќи ги внатре животните без светлина и вентилација. Многумина од нив ризикувале и во текот на ноќта оделе да ги хранат животните.
Ајша Чундигар, која раководи со Центарот за спасување животни, бара од властите да дозволат сопствениците на продавници за миленичиња и нејзината екипа да имаат дневен пристап до животните.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација