Македонија
8. February 2017 - 12:09

Угина морски лав во Зоолошката градина во Скопје

Во утринските часови во Зоолошката градина-Скопје угина едниот од двата морски лава, кои се дојдени од Зоо во Загреб.

Од Зоолошката градина на Град Скопје информираат дека не знаат дали причините за угинувањето на морскиот лав се последица на ниските температури и временските услови. 

Морскиот лав е даден на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.