Фудбал
11. September 2018 - 19:09

УЕФА со трето клупско натпреварување од 2021г.

 

Дали УЕФА полека влече  потези со кои националните фудбалски селекции и клубовите ќе се натпреваруваат во различен ранг според квалитетот кој го поседуваат по урнекот на кошарката и ракометот.

            УЕФА од оваа години ја претстави лигата на нациите , натпреварување во кое репрезентациите се поделени во 4 лиги според рејтингот и пласманот на ФИФА листата. Па така Македонија се најде во Д- лигата или најслабата лига заедно со уште 15 селекции додека останатите се во Ц-е, Б-е и А-лигата.

            По тој урнек УЕФА денеска и официјално најави трето европско клупско натпреварување по ЛШ и Лига Европа  во кое шанса за настап ќе добијат помалите клубови и тоа од 2021. Година.

            Европската асоцијација  претходно направи промени во Лигата на шампионите која буквално ќе биде недостижна за македонските клубови а тоа најверојатно ќе се случи и со Лига Европа која ќе биде скратена од 48 на 32 клуба.

            На тој начин за нашите клубови и сите помали земји шанса за учество во групната фаза ќе биде третата лига или новиот европски куп во кој во групната фаза ќе играат 32 тима.  

            Да потсетиме дека порано имаше четири европски клупски натпреварувања , Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, КПК и Интертото купот.